|
There are no translations available.
Еден од основните сегменти во остварувањето на дејноста на Институтот за македонска литература во Скопје е меѓународната соработка, односно склучување на договори за соработка во областа на научните истражувања, со сродни институции во земјата и странство каде предмет на изучување и истражување е македонската литература. Најзначајна форма преку која се реализира соработката се заедничките научноистражувачки проекти. Институтот за македонска литература има склучено договори за научна соработка со сродни научни и високообразовни институции во странство.
Во Република Србија со:
- Филолошкиот факултет во Белград (2001);
- Институтот за уметност и книжевност во Белград (2001);
- Филозофскиот факултет во Нови Сад (2002);
- Филозофскиот факултет во Ниш (2003);
- Институтот за српска култура во Лепосавиќ (2005)
Во Република Хрватска со:
- Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека (2001 - Договор меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и Универзитетот во Риека).
Во Република Бугарија со:
Во Руската федерација со:
- Руската академија за театарска уметност ГИТИС во Москва (2005)
- Филолошкиот факултет при Пермскиот државен универзитет во Перм (2005) и (2006) за реализација на меѓународниот проект „Филолошки студии"
- Институтот за славистика при Руската академија на науките во Москва (2005)
Во Словенија со:
- Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана (2006) за реализација на меѓународниот проект „Филолошки студии
Во Словачка со:
- Филозофскиот факултет во Нитра (2008 - Договор меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и Универзитетот „Константин Филозоф" во Нитра).
|