| Собири |
|
There are no translations available. Институтот за македонска литература - Скопје во рамките на своите годишни програми и програмите за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности на Собранието на Република Македонија досега бил носител на бројни научни собири и симпозиуми со кои се одбележани значајни автори и дела од трајна вредност во традицијата и континуитетот на македонската литература. На научните собири зеле учество поголем број еминентни научници од универзитетските центри во странство, со што Институтот се отвора кон светот, ги следи најновите истражувачки резултати и воспоставува меѓународна научна соработка. Презентираните научни трудови се публикуваат во зборници, кои претставуваат придонес за нашата книжевна наука. Институтот за македонска литература активно учествува на меѓународните научни конференции, летната школа и другите содржини во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој во организација на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, секоја година, во текот на јуни-јули се одржува во Охрид, Република Македонија. 1. Научен симпозиум: Творештвото на Ацо Шопов (70 – годишнина од раѓањето на поетот) Филолошкиот факултет-Скопје, 13 мај 1993 2. Научен симпозиум: Ристо Крле - живот и дело Струга, 31 мај – 1 јуни 1996 3. Научен симпозиум: Феноменот ЉУБОВ во балканските литератури и култури Молика, 23-26 април 1998 4. Научен симпозиум: Творештвото на Владо Малески Струга, 20-22 мај 1998 5. Научен собир: Шеесет години од излегувањето на збирката "Бели Мугри" од Кочо Рацин МАНУ, Скопје, 30 ноември 1999 6. Научен собир: Деведесет години од раѓањето на Никола Вапцаров НУБ "Св. Климент Охридски", Скопје, 9 декември 1999 7. Научен собир: Сто години од раѓањето на Ристо Крле Скопје, 20 септември 2000 8. Научен симпозиум: Војдан Поп Георгиев-Чернодрински - живот и дело Струга, 2-4 јуни 2000 9. Научен собир: Партениј Зографски - живот и дело (125 години од смртта) МАНУ, Скопје, 4 април 2001 10. Свечен собир по повод 20 години од формирањето на Институтот за македонска литература - Скопје Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, 14 јуни 2001 11. Свечен собир по повод 140 годишнината од излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци – во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите и Филолошкиот факултет „Блаже Конески" во Скопје МАНУ, Скопје, 20 јуни 2001 12. Научен симпозиум: Деведесет години од раѓањето на Ѓорѓи Абаџиев Дојран, 4-5 октомври 2001 13. Научен собир: 60 години од смртта на Коле Неделковски НУБ „Св. Климент Охридски", Скопје, 6 декември 2001 14. Научен собир: Осумдесет години од раѓањето на Блаже Конески во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" во Скопје МАНУ, Скопје, 20 декември 2001 15. Научен собир: Творештвото на Стале Попов Прилеп, 9 мај 2002 16. Научен симпозиум: Димитрија и Константин Миладиновци Дом на АРМ, Скопје, 13 и 14 јуни 2002 17. Меѓународен научен собир: 50 години македонски роман Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 28 и 29 ноември 2002 18. Научен собир: Јордан Хаџи Константинов Џинот (120 години од смртта) НУБ „Св. Климент Охридски", Скопје, 17 октомври 2002 19. Научен собир: Творештвото на Васил Иљоски Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 25 декември 2002 20. Меѓународен научен собир: Животот и делото на Ацо Шопов - во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите, Филолошкиот факултет „Блаже Конески" и Друштвото на писателите на Македонија МАНУ, Скопје, 5 и 6 ноември 2003 21. Меѓународен научен собир: Делото на Крсте Мисирков - во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков", Институтот за национална историја, Институтот за фолклор „Марко Цепенков", Институтот за старословенска култура и Филолошкиот факултет „Блаже Конески" МАНУ, Скопје, 27-29 ноември 2003 22. Научен собир: Коста Абраш (125 години од раѓањето) Дом на културата „Григор Прличев", Охрид, 8 јуни 2004 23. Научен собир: Рајко Жинзифов (165 години од раѓањето) Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје, 12 ноември 2004 24. Научен собир: Стерјо Спасе (90 години од раѓањето) Филолошки факултет „Блаже Конески", Скопје, 14 декември 2004 25. Меѓународен научен симпозиум: Македонскиот расказ Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, 12-13 мај 2005 26. Научен собир: Антон Панов (100 години од раѓањето) – во заедничка организација со Друштвото на писателите на Македонија ДПМ, Скопје, 4 мај 2006 27. Прв меѓународен научен собир: Хрватско-македонски книжевни и културни врски - во заедничка организација со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека Ректорат на Универзитетот во Риека, Хрватска, 26 и 27 септември 2006 28. Меѓународен научен симпозиум: Развојот на македонската литература - по повод 25 години од основањето на Институтот за македонска литература - Скопје Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, 25-26 октомври 2006 29. Втор меѓународен научен собир: Македонско-хрватски книжевни и културни врски - во заедничка организација со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека Конгресен центар на УКИМ, Охрид, 10 и 11 октомври 2007 30. Меѓународна научна конференција: Српско-македонски културни и книжевни врски - во заедничка организација со Центарот за научни истражувања при САНУ, Отсекот за книжевност при Универзитетот во Ниш и Учителскиот факултет во Врање Универзитет во Ниш, Р. Србија, 15 - 17 ноември 2007 31. Промоција на Филолошки студии 4/2006 – во рамките на работната посета на Институтот од страна на деканот на Пермскиот државен универзитет и членовите на Редакцијата од Руската федерација Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, 25 април 2007 32. Научен собир, по повод државниот празник „Св. Кирил и Методиј" Ден на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј и македонската културно-историска афирмација - во заедничка организација со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" НУБ „Св. Климент Охридски", Скопје, 24 мај 2007 33. Презентација на Македонската литературна база на податоци - во рамките на манифестацијата 2008 Година на македонскиот јазик Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 27 март 2008 34. Трибина: Македонскиот јазик и литературното творештво - во рамките на манифестацијата 2008 Година на македонскиот јазик Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 13 мај 2008 35. Меѓународен македонистички собир - во рамките на манифестацијата 2008 Година на македонскиот јазик, во заедничка организација со Филолошкиот факултет „Блаже Конески", Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје Конгресен центар на УКИМ, Охрид, 29 август – 1 септември 2008 36. Манифестација Филмскиот воз „Кочо Рацин" по повод Сто години од раѓањето на великанот на македонската книжевност Кочо Рацин 1908-2008 – во заедничка организација со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, општина Велес, Македонски железници, Министерство за култура, Македонската академија на науките и уметностите, НУБ „Св. Климент Охридски", Македонски центар за фотографија и Друштвото на писателите на Македонија. Скопје – Велес, 18 декември 2008 37. Трибина: 70 години од печатењето на збирката „Бели мугри" од Кочо Рацин - во соработка со општина Велес во рамките на 46-тите Рацинови средби Велес, 11 јуни 2009 38. Свечен собир: 100 години од раѓањето на Никола Вапцаров – во заедничка организација со Друштвото на писателите на Македонија ДПМ, Скопје, 17 декември 2009 39. Свечен собир: 125 години од раѓањето на Арсениј Јовков – во заедничка организација со Друштвото на писателите на Македонија ДПМ, Скопје, 23 декември 2009 40. Промоција на „Јавнопис" од акад. Гане Тодоровски Институт за македонска литература, Скопје, 7 октомври 2009 41. Тркалезна маса: Меѓусебната рецепција на словенечката и македонската литература – при остварена работна посета на Институтот од група писатели и книжевници од Љубљана, Р. Словенија Институт за македонска литература, Скопје, 12 ноември 2009 42. Интернационален форум: Падот на Берлинскиот ѕид низ призмата на романот „Осмото светско чудо" од Јордан Плевнеш - во соработка со Македонската академија на науките и уметностите и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Кинотеката на Македонија, Скопје, 20 и 21 ноември 2009 43. Четврт меѓународен конгрес на Европската мрежа за компаративни студии
Тема: Книжевни дислокации / Literary Dislocations / Déplacements littéraires
Организатори: Институт за македонска литература во соработка со Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и со REELC-ENCLS (Европската мрежа за компаративна книжевност)
Скопје-Охрид , 1-3 септември 2011
44. Меѓународен научен собир во чест на 30-годишниот јубилеј на Институтот за македонска литература - Скопје: Макeдонскиот идентитет: литература, јазик, историја, култура
Ректорат на УКИМ, Скопје, 7 и 8 ноември 2011
45. Меѓународен научен симпозиум: Блаже Конески и македонскиот јазик, литература и култура, во заедничка организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и Институтот за македонска литература
Филолошки факултет „Блаже Конески", Скопје, 15-16 декември 2011
|










