Спектар online
Banner
Context / Контекст
Banner
Филолошки студии
Banner
Македонска литературна дата база
Banner
Спектар
There are no translations available.

Page Header Logo

Институт за македонска литература, Скопје
Димензии 24см
ISSN 0352-2423
Цена 150,00 ден.
Спектар, меѓународно македонистичко списание посветено на науката за книжевноста, е формирано вo 1983 година како афирматор на научната работа на Институтот и медиум преку кој се случува размена на искуствата и информациите од доменот на современите научни збиднувања. Во своите рамки ги содржи рубриките: Литературна историја, Современа македонска книжевност, Литературни врски-репринт од светот, Теорија-поетика,Мит - фолклор преку кои се формулирани основните препознатливи белези на списанието. Посебно место им се дава на рецензиите, приказите, освртите за најновата научна и стручна литература, а во некои броеви одделен е и простор за научни дискусии и библиографии. Преку нив е изразена разновидностa на списанието и се презентира континуитетот и идентитетот на македонската литература. Спектар се дистрибуира на повеќе од стотина адреси во странство и на петстотина домашни адреси. Неговиот профил е познат и достапен во сите славистички центри, научни и универзитетски установи, големи библиотеки, а од јубилејниот број 41-42 достапен e и на интернет.

Меѓународен уредувачки одбор на „Спектар": главен и одговорен уредник д-р Мишел Павловски (Македонија), д-р Намита Субиото (Словенија), д-р Борислав Павловски (Хрватска), д-р Марија Проскурнина (Руска Федерација), д-р Лех Мјодински (Полска), д-р Биљана Сикимиќ (Србија).

Спектар 56/2010

Спектар 57/2011, Книга I

Спектар 58/2011, Книга II