Спектар online
Банер
Context / Контекст
Банер
Филолошки студии
Банер
Македонска литературна дата база
Банер
ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје

Институтот за македонска литература – Скопје како јавна научноистражувачка установа од подрачјето на хуманистичките науки, ја проучува и истражува историјата и теоријата на македонската литература и култура, нејзините врски и влијанија со другите литератури и култури и современите книжевни и културни процеси. Својата дејност ја остварува и како членка во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во своето 30 годишно работење, следејќи ги националните интереси и современите достигнувања на полето на науката за книжевноста, Институтот помина низ повеќе развојни периоди, кои се поврзани со напредувањето на кадровскиот потенцијал, реализацијата на современи студиски програми за магистерски и докторски студии во областа на културологијата и македонската книжевност, со развојот на издавачката дејност, организирањето значајни научни собири и воспоставувањето меѓународна соработка со сродни научни и високообразовни центри во регионот и пошироко. Во 2011 година се одбележаа 30 години од основањето на Институтот за македонска литература-Скопје (1981). Одбележувањето на јубилејот беше предвидено во Програмата на Собранието на РМ за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2011 година („Сл. весник на РМ“ бр.170/10).

 

 

Да бидеме единствени, да не ги следиме другите, невозможното да го направиме возможно!