| Меѓународни проекти |
|
1. Меѓународен проект чија реализација се остварува во периодот 01.07.2006 - 30.06.2008 г. Наслов на проектот: Родовите претстави во литературата и културата на Балканот Носители: Институт за македонска литература при УКИМ и Филолошки факултет при Југозападниот Универзитет "Неофит Рилски" во Благоевград, Р. Бугарија д-р Илија Недин (Бугарија) Соработници од Македонија: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, д-р Наташа Аврамовска, д-р Мишел Павловски, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и м-р Ана Мартиноска 2. Меѓународен проект чија реализација се остварува во периодот 1.07.2007 – 30.06.2009 г. Наслов на проектот: Традицијата и континуитетот во македонско-хрватските врски Носители: Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје и Филозофски факултет при Универзитетот во Риека Главни истражувачи: д-р Васил Тоциновски (Македонија) и д-р Горан Калоѓера (Хрватска) Соработници од Македонија: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, д-р Наташа Аврамовска, д-р Валентина Миронска-Христовска, д-р Јасмина Мојсиева-Гушева и м-р Ана Мартиноска од ИМЛ и д-р Јелена Лужина од Факултетот за драмски уметности - Скопје. 3. Меѓународен проект во рамки на Програмата за партиципација на УНЕСКО, чија реализација се остварува во периодот 1.11.2007 до 31.11.2008 Наслов на проектот: Родовите претстави во македонската и албанската култура и во општественото живеење Соработници: д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, д-р Наташа Аврамовска, д-р Мишел Павловски и м-р Ана Мартиноска од ИМЛ, д-р Гзиме Старова (Правен факултет), д-р Агим Полоска и д-р Мируше Хоџа (Филолошки факултет) 4. Меѓународен проект „СЛОВО" - „Toward the Building of digital Library of South Slavic Manuscripts" Партнерски институции: Институтот за славистика при Австриската академија на науките, Институтот за балканистика при САНУ, Институтот за македонска литература и Словенската академија на науките Институтот во овој меѓународен проект беше вклучен преку учеството на соработниците д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Илија Велев. Главен истражувач на проектот беше д-р Анисава Милтенова, раководител на Секцијата за стара бугарска литература на Институтот за литература при БАН. Проектот имаше за цел и задача проучување на старите јужнословенски ракописи и ракописното богатство во манастирите на Балканот и во Синајскиот манастир „Св. Екатерина". Во рамките на проектот се реализираше меѓународна конференција, зборник на трудови, веб страница, вклучување во европските програми за дигитални библиотеки и претставување на Меѓународниот славистички конгрес во Охрид. |










