| Литературата во европски културолошки контекст |
Предметни професори: д-р Александар Прокопиев и д-р Соња Стојменска-ЕлзесерЦели на предметот Да се овозможи ориентација на студентите во европските книжевни и културни вредности, вклучително и на македонската книжевност и култура и да се развие чувството за културна разноликост и почит кон разликите. Примарна цел на предметот е да ги прошири знаењата за книжевноста на европско тло, но не само преку читање одделни национални канонски дела, туку многу повеќе преку супранационални и интердисциплинарни поврзувања. Содржина на предметот Предметот опфаќа посебни теми што го обработуваат европскиот контекст како културолошка, геопоетичка и компаративна парадигма и е замислен како надградба на познавањата на кандидатите од областа на европската/европските култури. Низ предавањата се зафаќаат голем број книжевни наслови и уметнички дела кои се контекстуализираат и поврзуваат во одделни проблемски целини, со полна свест дека не може да се постигне исцрпен преглед на материјалот кој се обработува. При обработката се следат и се координираат интересите и личните афинитети на студентите. Основна литература Материјал со извадоци од делата што се обработуваат на предавањата
Транскултурна Европа: културна политика у Европи која се мења (2008), приредиле Улрике Хана Мајнхоф, Ана Триандафилиду, Београд: Clio: Шмале, Волфганг: Историја европске идеје, Београд: Clio, 2003, www.europeana.eu
Дополнителна литература |










