Спектар online
Банер
Context / Контекст
Банер
Филолошки студии
Банер
Македонска литературна дата база
Банер
Context / Контекст

CONTEXT / КОНТЕКСТ  е меѓународно научно списание за компаративна книжевност и интердисциплинарни културолошки истражувања. Во него се објавуваат рецензирани и типологизирани прилози на англиски и на македонски јазик. Списанието го оформи својот сегашен профил во осмиот број, објавен во 2010 година (претходните седум броја беа печатени под насловот Книжевен контекст). На страниците на CONTEXT/КОНТЕКСТ  се презентираат студии од домашни и странски автори посветени на проблемските подрачја на современите хуманистички дисциплини, со акцент врз нивното што посестрано испреплетување и комбинирање и мултиплицираното поврзување со социо-општествениот и културен контекст.

Меѓународен уредувачки одбор на Context\Контекст: главен и одговорен уредник д-р Соња Стојменска-Елзесер и д-р Александар Прокопиев (Македонија), д-р Лидеке Плате (Холандија), д-р Марко Јуван (Словенија), д-р Александар Јерков (Србија), д-р Фиона Сампсон (Велика Британија), д-р Давор Пискач (Хрватска).