Спектар online
Банер
Context / Контекст
Банер
Филолошки студии
Банер
Македонска литературна дата база
Банер
Д-р Наташа Аврамовска
Интернет адреса: natasha.avramovska@yahoo.com
Научно звање: научен советник / редовен професор
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонска литература, општа и компаративна литература, наратологија, драматологија, родова критичка теорија
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје,
Интертекстуалноста и самореференцијалноста на драмата, 2003
Последипломски студии: Филозофски факултет, Универзитет во Загреб, 1997 
Теориски аспекти на романот и новелата во раскажувачкиот опус на Петре М. Андреевски,1997
Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, група Општа и компаративна книжевност 1987 година
Научноистражувачки проекти:
Главен истражувач:
  • Македонски митопоетски роман

Учество:

  • Читање на хрватската книжевна теорија, Филозофски факултет, Свеучилиште Загреб, Хрватска (1993-1997)
  • Континуитетот на македонската културно-литературна традиција во 19 век, ИМЛ (1999-2002)
  • Националните рефлексии во определени творечки пројави на македонската литература во 19 век (2004-2006)
  • Книжевни простори – "нашето" и "туѓото" во современата македонска литература и култура , ИМЛ (2004-2006)
  • Македонски книжевен лексикон, ИМЛ (2004-2006)
  • Книжевно-теориски поимник , МАНУ (2005-2007)
  • Балканската слика на светот, МАНУ, ПАН (2005-2006)
  • Родовите претстави во балканските литератури и култури, ИМЛ и Југозападен европски универзитет Неофит Рилски, Благоевград(2007-2008)
  • Интерпретации (Меѓународен европски проект со седиште во МАНУ) (2007, 2009-2010)
  • Родовите претстави во македонската и албанската култура и социјално живеење, ИМЛ проект поддржан од УНЕСКО (2007-2008)
  • Традиција и континуитет во македонско-хрватските книжевни врски, ИМЛ, Универзитет Риека (2008-2009)
  • Компаративна книжевност – состојби и перспективи, ИМЛ, Скопје (2009-2011)
  • Македонски митопоетски роман, ИМЛ, Скопје (2010-2012)
Студиски престои:
Едукациски студиски престои остварила во: Франкфурт, Германија (1986- 1987, 1987-1988), и постдипломски студии во Загреб, Хрватска (1988-1990)
Шестмесечен лекторски престој на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб, Хрватска (март-септември, 1993)
Истражувачки студиски престои остварила во Загреб, Хрватска (1998, 2004, 2009); во Софија, Бугарија (1999, 2000, 2001); Полска (2005), Италија (2009, 2010)
Учество на научни собири:
Учествувала на повеќе научни собири во земјата и во странство Виена (Австрија), Загреб (Хрватска), Благоевград (Бугарија), Москва (Русија), Варшава, Познањ (Полска) и др.
Монографии:
  • Травестија на усната историја – раскажувачкиот криптограм на Петре М. Андреевски, Менора, Институт за македонска литература, Скопје, 1999.
  • Ex libris , Менора, Скопје, 2000.
  • Во вителот на дереализацијата (дуплото дно на македонската драма), Култура, Скопје, 2004
  • Автобиографијата во македонскиот литературен 19 век, Институт за македонска литература, Скопје, 2004.
  • Ние во времето, Магор, Скопје, 2006.

Коавторски публикации на учебници по литература за гимназиско образование:

  • Тодоровски, Гане, Аврамовска, Наташа: Македонски јазик и литература за III година реформирано гимназиско образование (дел: Литература), Просветно дело, Скопје, 2003
  • Аврамовска, Наташа, Георгиевска-Јаковлева, Лорета: Македонски јазик и литература за IV година реформирано гимназиско образование (дел: Литература), Просветно дело, Скопје, 2004
  • Соња Стојменска-Елзесер, Валентина Миронска-Христовска, Аврамовска Наташа, Лорета Георгиевска-Јаковлева: Компаративна книжевност за IV година реформирано гимназиско образование, Просветно дело, Скопје, 2004
  • Аврамовска Наташа, Камџијаш Светлана, Ацевска Наташа: Македонски јазик и литература за прва година средно стручно образование, Просветно дело, 2006, Скопје (Аврамовска Наташа: „Теорија на литературата" стр.115-181)

Преводи на стручна литература:

од германски:

  • Сонди, Петер: „Кризата на драмата" во Теорија на драмата и театарот, прир. Ј. Лужина, Скопје: Детска Радост, 1998.
  • Шваниц, Дитрих „Теоријата на системите и литературата" во Теорија на драмата и театарот, прир. Ј. Лужина, Скопје: Детска Радост, 1998.

од хрватски:

  • Зупа, Вјеран, Увод во драматологијата, Скопје: Еинсоф, 2001
  • Селем, Петар, Доба на режијата, Скопје: Матица Македонска, 2007

Научни и стручни трудови во периодиката:

Објавила стотина научни трудови во периодиката во земјата и странство.

Општествени и професионални должности (актуелни)

  • Член на Советот на Институтот за македонска литература
  • Професор по предметите: Теми и методи на културологијата, Жанрот во литературата и културата, Автобиографијата во литературата и културата на постдипломските културолошки студии при ИМЛ Уредник на списанието Културен живот.
  • Член на ДПМ

Член е на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC/ICLA).