УНИВЕРЗИТЕТ "СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" – СКОПЈЕ
ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНИ ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
КУЛТУРОЛОШКИ СТУДИИ ВО КНИЖЕВНОСТА
(Водич низ студиите)
Вовед
Наслов на студиите
Наслов на звањето/профилот
Носител на проектот
Режим и организација на студиите
Предметни програми
Задолжителни предмети
Изборни предмети
Наставен кадар
Список на наставен кадар
Право на конкурирање и уписни рокови
Документи потребни за упис
Школарина
Упатство за изработка на магистерски труд (*.doc)
План за учебната 2010/2011 (*.doc)
1. ВОВЕД
1.1. Усогласеност со законската регулатива
Програмата за интердисциплинарните постдипломски студии Културолошки студии во книжевноста е усогласенa со новите законски акти – Законот за високо образование и Законот за научноистражувачка дејност на Република Македонија. Таа е усогласена и со критериумите произлезени од Болоњската декларација, чиј потписник е и Република Македонија, и со регулативатa од оваа област на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
При изготвувањето на студиската програма користени се искуствата од имплементацијата на елементите од болоњската реформа во високото образование и искуствата од високообра-зовните установи во светот.
Овие постдипломски студии Институтот за македонска литература ги организира почнувајќи од студиската 2008/09 година врз основа на Решението за акредитација донесено од Одборот за акредитација на високото образование (бр. Сл. 12 од 11. 3. 2008), а по претходно донесена одлука на Советот на Институтот за утврдување студиска програма за овие студии и по дадена согласност на студиската програма од Ректорската управа на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. (горе)
1.2. Дефинирање на потребата
Постдипломските Културолошки студии во книжевноста на Институтот за македонска литература се организираат врз основа на:
- современите тенденции во високото образование во Европа;
- потребата од воведување на нови профили и дополнување на постојните програми на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
Културата како општествен феномен ја подразбира научна-та димензија, односно потребата од нејзино систематско проучува-ње и толкување. Современите културолошки теории се засновани врз достигнувањата на книжевните теории, особено на книжевната компаратистика, во кои книжевноста се проучува во најширок контекст, преку проследувањата на феноменот на популарната (масовна) култура и новите медиуми, па сè до идеологијата, полити¬ката, религијата и науката. Изолираното проучување на одделните феномени или одделните сегменти на културата (книжевност, филм, театар, музика итн.) не ги задоволуваат потребите на нејзи¬но¬то современо поимање и толкување кое се стреми кон мултидисциплинарно поврзување.
Културолошките студии со широките истражувања на родовите, половите, расните, етничките, националните и др. подрачја нудат клучна научна потпора во процесите на општествена транзиција кон граѓанско општество. Имено, културолошките студии во меѓународниот академски контекст, традиционално се неделиви од плуралистичките темели на демократијата и општеството на граѓански слободи. Оттука, оваа програма во својата интердисци¬плинарна динамичност и смислена кохерентност, излегува во пресрет на потребите на актуелниот миг, како во поширок општест¬вен контекст, така и во рамките на високообразовниот сегмент кој е во фаза на трансформациски процеси.
Студиите нудат:
- интердисциплинарно поврзување на традиционалните дисциплини;
- покомплексни облици на образование произлезени од растечките потреби на средината во која дејствуваме;
- нов пристап со акцент врз комуникациските проблеми во културата.
Програмата на Културолошки студии во книжевноста претставува логична и развојна етапа во хуманистичките и општестве-ните дисциплини.
1.3. Цел на студиската програма
Целта на оваа студиска програма е проширување на тра-диционалните подрачја на науката за книжевност во сооднос со културолошките пристапи во општествените и хуманистичките науки. Книжевноста ќе се проучува не сама по себе, туку во рамките на културата (теорија за интеркултуралност/ интермедијалност, културна антропологија, идентитети, културна историја), а пред-видените наставни програми и содржини ќе се совладуваат преку научноистражувачки и интердисциплинарен приод.
1.3.1. Научноистражувачки пристап
Посебен белег на овие студии е воведувањето и активното учество на студентите во проекти и проектни активности на Институтот за македонска литература. Практичната работа на студентите во научноистражувачките проекти ќе придонесе за квалитет на научните знаења од областа на културата и за ефикасна практична примена на тие знаења.
1.3.2. Интердисциплинарен и мултидисциплинарен пристап
Активното учество во разоткривањето на културните претпоставки на текстовите е ново практицирање во рамките на културолошките студии. Во методолошка смисла, културолошките студии се засновани на споредбено и мултудисциплинарно проследување на текстовите, со вклучување на бројни медиуми (видеозаписи и аудиозаписи, стари ракописи). Интердисципли-нарноста доаѓа до израз преку поврзување на книжевноста со културната историја, со театарот, филмот, Интернетот, масовната култура. Обезбедениот научноистражувачки и интердисциплинарен пристап на програмата е во согласност и со препораките од страна на ЕУ за обединување на научната и образовната дејност.
1.3.3. Отвореност на студиите кон мобилноста на студентите
Програмата на постдипломските Културолошки студии во книжевноста потполно е прилагодена на стандардите и духот на мобилност кои се вградени во темелите на болоњскиот процес (Лисабонската декларација и др.). Структурата на студиите и EКTС бодовите овозможуваат мобилност на студентите како во рамките на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", така и во рамките на универзитетите во Републиката (оние кои ги имаат спроведено критериумите на Болоњската декларација), па дури и на универзитетите во светот.
Понудените Културолошки студии во книжевноста кореспон-дираат со програми во чија содржина се внесени темелните одредби на културологијата и предмети кои традиционалните дисциплини (историја, литература, театар, филм, јазик, останати уметности) ги сопоставуваат во културолошки контекст (York University's Faculty of Fine Arts, University of Susseh, сultural studies) и се во согласност со основната дејност на Институтот.
Понудената програма содржи:
- културно-историски сегмент;
- културно-теоретски сегмент;
- сегмент на истражување на културните практики со акцент врз книжевната комуникација во културата. (горе)
2. НАСЛОВ НА СТУДИИТЕ
Институтот за македонска литература при Универзитетот "Св. Кирил и Меродиј" во Скопје изведува студиска програма за постдипломски студии под наслов КУЛТУРОЛОШКИ СТУДИИ ВО КНИЖЕВНОСТА. Таа воспоставува рамка која ситуира динамично и хетерогено дисциплинарно поле. (горе)
3. НАСЛОВ НА ЗВАЊЕТО/ ПРОФИЛОТ
По успешната одбрана на магистерскиот труд кандидатот се здобива со научен степен Магистер по културологија. Во дополнението на звањето стои потесната специјалност во книжевноста.
3.1. Потреба од профилот и опис на компетенциите
Овие студии ја следат ориентацијата на современата општествена практика за поврзување на книжевно¬кри¬тичките подрачја во контекстот на културната и медиумски профи¬ли¬раната комуникација. Културолошкото профилирање е во согласност со сè поголемата потреба за високопрофесионален кадар обучен за интегрирано промислување на културните феноме¬ни кое е едновремено и теориски цврсто втемелено и практички насочено.
Постдипломските Културолошки студии во книжевноста се одликуваат со сеопфатност и критички дух, но и со специфични методолошки перспективи кои добиваат поттик од развојот на сознанијата во науката за литературата, социологијата, културната антропологија, уметностите итн. Затоа, овие студии се привлечни за студентите кои сакаат да остварат индивидуализиран образовен профил со поливалентна вертикала, која, со својата флексибил-ност, ќе биде прилагодена на новите потреби на динамичниот меѓународен пазар на трудот и неговата нова ориентација во приодите на т.н. критичка теорија. Дипломираните студенти своето идно работно место можат да го најдат во граѓанскиот сектор, во специјализираните сектори на државната администрација и струч-ните структури во единиците на локалната самоуправа, културниот сегмент на дипломатијата, медиумите итн. Освен во високообра-зовните установи и научните институти, потребата за ваков образовен профили се јавува и во сите институции кои се вклучени во културниот живот на заедницата, од оние кои се нејзини креатори до оние кои се нејзини спроведувачи. Фактот дека дејностите сè повеќе се преплетуваат (на пример: издаваштвото, музејската, архивистичката или библиотечната дејност) се наложува потребата од следење на дострелите на повеќе дисциплини и способност за нивно поврзување. Оттука, на сите нивоа на образовниот систем се јавува потреба за високоупатени и квалификувани креатори на новите интеграциски процеси меѓу одделните подрачја. Оваа програма, благодарејќи на својата теоретска софистицираност, но и свртеност кон реалните барања на современиот миг, може да стане генератор на кадри кои ќе одговорат на ваквите сложени задачи. (горе)
4. НОСИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Носител на постдипломските студии е Институтот за македонска литература при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. (горе)
5. РЕЖИМ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТУДИИТЕ
5.1.Времетраење на наставата
Постдипломските Културолошки студии во книжевноста се изведуваат во текот на две академски години (четири семестри). Наставата се одвива во текот на три семестри, додека четвртиот семестар е предвиден за менторскa работа и изработка на магистерскиот труд. Менторската работа ќе ги воведе студентите во методологијата на научноистражувачката работа и ќе биде во тесна корелација со изработката на семинарските работи. На студентите кои имаат завршено четиригодишно факултетско образование им се признаваат до 60 кредити, односно наставата за нив се изведува во текот на два семестри.
5.2. Видови на предметни програми
Студиската програма на постдипломските Културолошките студии во книжевноста е составена од задолжителни и изборни предмети и од подготовка на самостојни трудови во одредена област. На овој начин е овозможено самиот кандидат да учествува во креирањето на програмата според сопствените афинитети.
5.3. Кредити
Студиската програма предвидува 30 EКTС бодови (кредити) по семестар, односно 90 EКTС бодови (кредити) за три семестри на студирање. Изработката и одбраната на магистерскиот труд носи 30 EКTС бодови (кредити). За целото студирање предвидени се 120 EКTС бодови (кредити).
Кредитите се распоредени рамномерно по семестри. Тие се придружени и со соодветна оптовареност на студентите во смисла на предвидени студентски обврски и пропишан број часови во директна настава. Услов за да се пристапи кон изработка на магистерски труд е кандидатот да освои 90 кредити, односно:
- Задолжителни предмети - бр. на часови 144, кредити 48
- Изборни предмети - бр. на часови 72, кредити 24
- Изработка на самостојни трудови - кредити 18
Наставата по задолжителните предмети ја посетуваат сите запишани кандидати, а по изборните предмети се организира само доколку за одделен предмет се пријават најмалку 5 кандидати. Во спротивно наставата се организира според менторски систем.
На студентите кои имаат завршено прв циклус на студии во траење од 4 години, им се признаваат до 60 кредити.
5.4. Интерактивност на наставата
Наставата на постдипломските студии е интерактивна. Студентите активно учествуваат во наставата преку усни презен-тации, дискусии, коментари, подготовка на есеи и семинарски работи, учествуваат на тркалезни маси и работилници.
Бројот и видот на усните презентации и семинарски работи е утврден во предметните програми.
5.5.Просторни и технички можности
При изведувањето на наставата ќе се користат просториите (третиот кат од зградата на улица "Григор Прличев" бр. 5 со вкупна квадратура од 500м2) и амфитеатар со 120 места (120м2). Во рамките на овој простор има две училници (18м2 и 30м2), 15 кабинети (секој по 15м2) и библиотека (18м2). Институтот за македонска литература располага со соодветна опрема (посто¬јана Интернет врска и компјутерска опрема др.).
Институтот за македонска литература – Скопје располага со сопствена библиотека со богат библиотечен фонд од научни книги, научни списанија, научна документација и сопствени изданија (околу 5000). На предлог на научноистражувачките одделенија библиотеката редовно се збогатува со релевантна домашна и странска научна литература од научните подрачја застапени со наставниот план и наставните програми на студиите.
Во функција на студиите ќе се користи електронскиот проект Литературна дата база како систематизиран извор на податоци за наставните содржини. (горе)
6. ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ
6.1. Листа на задолжителни и изборни предмети со број на часови и со EКТС бодови
6.1.1. Задолжителни предмети
| Наслов на предметот |
Број на часови |
ЕКТС |
| Вовед во културологијата |
24 |
8 |
| Народна култура |
24 |
8 |
| Византолошко-културолошки студии |
24 |
8 |
| Теми и методи во културологијата |
24 |
8 |
| Културни идентитети на Балканот |
24 |
8 |
| Литературата во европски контекст |
24 |
8 |
Забелешка: на студентите со четиригодишно факултетско образование им се признаваат 32 кредити од 4 предмети, значи од горната листа бираат два предмета
6.1.2. Изборни предмети
Студентите со тригодишно факултетско образование избираат 4 од понудената листа, а студентите со четиригодишно факултетско образование избираат 3 од понудената листа.
Наслов на предметот |
Број на часови |
ЕКТС |
| Естетика на фолклорот |
18 |
6 |
| Македонски празници |
18 |
6 |
| Кирилометодиевски студии |
18 |
6 |
| Патристиката и христијанската култура |
18 |
6 |
| Културно наследство |
18 |
6 |
| Просветителството во Македонија |
18 |
6 |
| Жанрот во литературата и културата |
18 |
6 |
| Имагологија |
18 |
6 |
| Постколонијални студии |
18 |
6 |
| Родот и културата |
18 |
6 |
| Интеркултурна комуникација |
18 |
6 |
| Елитна и масовна култура |
18 |
6 |
| Интеркултурен театар |
18 |
6 |
| Литература и Интернет |
18 |
6 |
| Културата и глобализацијата |
18 |
6 |
| Антрополошки структури на имагинарното |
18 |
6 |
| Магичен реализам |
18 |
6 |
| Феноменот автобиографија во (историјата на) културата |
18 |
6 |
| Феноменот патопис |
18 |
6 |
Забелешка: Студентите кои имаат тригодишно факултетско образование се должни да изработат три самостојни труда од областите кои им се предмет на истражувачки интерес. Овие самостојни трудови се изработуваат под менторство на професор.
6.1.3 Подготвување, изработка и одбрана на магистерски труд - 30 ЕКТС (горе)
7. НАСТАВЕН КАДАР
Наставниот кадар го сочинуваат научните работници од Институтот за македонска литература со научен степен доктор на науки. Во изведувањето на наставата, како визитинг професори и експерти по одделни прашања се вклучени и тројца професори од Филолошкиот факултет "Блаже Конески" од Скопје, а се пред¬видува гостување на еминентни професори од земјава и странство, специјалисти по одредени прашања. При тоа ќе се користат можностите кои произлегуваат од договорите за соработка меѓу Институтот за македонска литература и домашните и странски институции.
7.1. Список на наставен кадар
Велев, д-р Илија, редовен професор
Георгиевска-Јаковлева, д-р Лорета, редовен професор
Јакимовска-Тошиќ, д-р Маја, редовен професор
Китевски, д-р Марко, редовен професор
Прокопиев, д-р Александар, редовен професор
Стојменска-Елзесер, д-р Соња, вонреден професор
Аврамовска, д-р Наташа, вонреден професор
Ѓурчинова, д-р Анастасија, вонреден професор, Филолошки факултет
Капушевска-Дракулевска, д-р Лидија, вонреден професор, Филолошки факултет
Миронска-Христовска, д-р Валентина, вонреден професор
Мојсиева-Гушева, д-р Јасмина, вонреден професор
Павловски, д-р Мишел, вонреден професор
Бановиќ-Марковска, д-р Ангелина, доцент, Филолошки факултет
Мартиноска, м-р Ана, асистент
Смилевски, м-р Гоце, асистент (горе)
8. ПРАВО НА КОНКУРИРАЊЕ И УПИСНИ РОКОВИ
На студиската програма може да се запишат кандидати кои имаат:
- завршени додипломски студии од подрачјето на хуманистичките или општествените науки;
- познавање на еден странски јазик.
Запишувањето на студентите се врши врз основа на конкурс објавен во дневниот печат. Конкурсот е отворен сè до почетокот на студиската година, односно сè до пополнувањето на бројот на слободните места. (горе)
9. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС
Кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- интерен пријавен лист;
- диплома и уверение за завршени додипломски студии (оригинал или копија заверена на нотар);
- куса биографија (CV);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат).
Пријавите со доказите за исполнување на потребните услови за запишување се поднесуваат до Институтот за македонска литература – Скопје, ул. "Григор Прличев" бр. 5, поштенски фах 455, тел./факс 02/3220-309. (горе)
10. ШКОЛАРИНА
Студиите ќе се остваруваат со самофинансирање на студентите.
Кандидатите кои ќе бидат примени плаќаат школарина за следење на наставата и за основни работни материјали.
Школарината изнесува:
- 1000 евра за студентите со четиригодишно факултетско образование
- 1500 евра за студентите со тригодишно факултетско образование
Студентите ги плаќаат и следниве надоместоци:
- 400 евра за подготовка и одбрана на магистерскиот труд
- 200 денари за пријавување на испит
Износот за школарината се плаќа во денарска противредност и може да се подели до 4 рати. Уплатата за подготовка и одбрана на магистерскиот труд се врши при пријавувањето на темата. (горе)
|