СОРАБОТКА

Соработка во земјата:
Институтот за македонска литература во Скопје остварува соработка со следниве сродни институции:
Македонска академија на науките и уметностите
Државен архив на Република Македонија
Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" -Скопје
Универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје и вискообразовните и научните установи во неговиот состав:
Филолошки факултет "Блаже Конески"-Скопје
Филозофски факултет – Скопје
Факултет за драмски уметности - Скопје
Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков" – Скопје
Институт за фолклор "Марко Цепенков" – Скопје
Институт за национална историја
Институт за старословенска култура
Друштво на писателите на Македонија

Меѓународна соработка
Еден од основните сегменти во остварувањето на дејноста на Институтот за македонска литература во Скопје е меѓународната соработка, односно склучување на договори за соработка во областа на научните истражувања, со сродни институции во земјата и странство каде предмет на изучување и истражување е македонската литература. Најзначајна форма преку која се реализира соработката се заедничките научноистражувачки проекти.

Институтот за македонска литература има склучено договори за научна соработка со сродни научни и високообразовни институции во странство.
Во Србија и Црна Гора со:
 Филолошкиот факултет во Белград (2001);
 Институтот за уметност и книжевност во Белград (2001);
 Филозофскиот факултет во Нови Сад (2002);
 Филозофскиот факултет во Ниш (2003);
 Институтот за српска култура во Лепосавиќ (2005)
Во Р. Бугарија со
 Филолошкиот факултет при Југозападниот универзитет Неофит Рилски во Благоевград (2005)
Во Руската федерација со:
 Руската академија за театарска уметност ГИТИС во Москва (2005)
 Филолошкиот факултет при Пермскиот државен универзитет во Перм (2005)
 Институтот за славистика при Руската академија на науките во Москва (2005)

® Институт за македонска литература - Скопје