Спектар, списание посветено на науката за книжевноста, е формирано вo 1983 година како афирматор на научната работа на Институтот и медиум преку кој се случува размена на искуствата и информациите од доменот на современите научни збиднувања. Во своите рамки ги содржи рубриките: Литературна историја, Современа македонска книжевност, Литературни врски-репринт од светот, Теорија-поетика,Мит - фолклор преку кои се формулирани основните препознатливи белези на списанието. Посебно место им се дава на рецензиите, приказите, освртите за најновата научна и стручна литература, а во некои броеви одделен е и простор за научни дискусии и библиографии. Преку нив е изразена разновидностa на списанието и се презентира континуитетот и идентитетот на македонската литература. Спектар се дистрибуира на повеќе од стотина адреси во странство и на петстотина домашни адреси. Неговиот профил е познат и достапен во сите славистички центри, научни и универзитетски установи, големи библиотеки, а од јубилејниот број 41-42 достапен e и на интернет.

No 55 (2010)
Table of Contents
Литературна историја
| ЕРЕТИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА НА ТРАНСФЕРЗАЛАТА ИСТОК-ЗАПАД | |
| д-р Маја Јакимовска - Тошиќ |
| МАКЕДОНСКАТА НАУКА ЗА КНИЖЕВНОСТ ПРЕД СОПСТВЕНИТЕ ДИЛЕМИ | |
| Гане Тодоровски, Гане Тодораовски |
ISSN: 1857-7393