ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Создавањето, издигнувањето и усовршувањето на научноистражувачките кадри претставува една од основните задачи на Институтот за македонска литература. Сегашната оспособеност на кадрите, оценувана преку стекнатите академски титули и научни звања и преку обемната научна продукција, покажува дека во основа се води добра кадровска политика.
Во редовен работен однос во Институтот за македонска литература денес се 20 вработени, од кои 16 се научно-истражувачки кадар, односно 15 доктори на науки (од кои 7 научни советници, 4 виши научни соработници и 4 научни соработници), 1 магистер (асистент – истражувач) и 4 административно – технички кадар.
Научноистражувачките кадри имаат остварено бројни студиски престои и учества на собири, конгреси, симпозиуми, научни работилници во земјата и странство. Ова е една од најзначајните активности за оформувањето и изградувањето на нашите научноистражувачки кадри, за нивната лична афирмација, а со тоа и за афирмација на научната установа и на македонската книжевна наука во светот. Своите научни резултати, тие ги презентираат во научни книги, зборници на научни трудови и стручни и научни списанија во земјата и странство.
Вршењето на нормативно-правни, финансиско-сметководствени и други стручни и административно-технички работи се остварува од 4 самостојни извршители.
|
Поранешни раководители и директори на Институтот за македонска литература:
проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ
проф. д-р Томе Саздов,
проф. д-р Слободан Мицковиќ,
д-р Марко Китевски
Душко Наневски
проф. д-р Саво Цветановски
д-р Илија Велев
д-р Јованка Стојановска - Друговац
|
Поранешни вработени во Институтот за македонска литература:
д-р Димче Најчевски, виш научен соработник во Одделението за македонска народна литература
Искра Николовска-Нејашмиќ помлад асистент-истражувач во Одделението за македонска народна литература
м-р Јордан Плевнеш асистент-истражувач во Одделението за македонска литература во XIX век
д-р Душко Наневски
виш научен соработник во Одделението за македонска литература во XX век
м-р Вецко Домазетовски асистент-истражувач во Одделението за македонска литература во XX век
Акад. д-р Катица Ќулафкова, научен соработник во Одделението за теорија на литературата и компаративната книжевност
д-р Анастасија Ѓурчинова, научен соработник во Одделението за теорија на литературата и компаративната книжевност
д-р Ѓорги Поп-Атанасов, научен советник во Одделението за средновековна македонска литература
Антигона Тодоровска, библиотекар |